Жиру откри што се крие зад начинот на кој го прослави голот против Норич (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Челси на одличен
начин го реши прашањето со Оливие Жиру кој подолг период се шпекулираше дека ќе
си замине од Лондон, воедно и самиот клуб не се противеше на тоа, меѓутоа на
крајот обете страни пронајдоа заеднички јазик да продолжат и понатаму заедно, а
таквата одлука донесе бенефит за двете страни.

Жиру синоќа го
постигна единствениот гол во победата на Челси на домашен терен против веќе
испаднатиот од Премиерлигата, Норич, а при прославата на погодокот имаше една
интересна реакција која многумина се запрашаа каква причина се крие зад сето
тоа.

Играм скребл со
Н
Голо Канте, тоа е причината
за таквата прослава на голот
“ рече Жиру по мечот, наведувајќи дека со својот
сонародник се натпреваруваат на таа друштвена игра во која од поединечни букви
треба да составите цели зборови, а колку повешт составувач, односно
покомплексен збор, толку повеќе поени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×