Жиру: Мојата реакција? Не сум робот!

by
1 минути читање

Францускиот напаѓач ги постигна двата гола за Милан во ремито кај Наполи од 2-2. Во текот на вториот дел беше изваден од игра, камерите го уловија неговото незадоволство од одлуката на тренерот, тој наместо на клупата седна на фрижидерче и од таму го следеше дуелот.

„Се чувствував незадоволно и фрустрирано. Требаше да дадеме 3-4 голови во првото полувреме. Загубивме два бода“, вели Жиру.

„Мојата реакција? Не сме роботи, имаме емоции и во тој момент чувствував дека уште можам да му помогнам на тимот“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×