177
Познато е дека Зидан има алжирско потекло и фудбалерот никогаш не го криел тоа, напротив, велел дека е горд.
А сега новинарот Федерико Буфа во својата емисија откри дека Зинедин Зидан бил роден под името Зијад Алдид Ал Јазид, а подоцна го променил името.
Зидан потекнува од сиромашно алжирско семејство, неговиот татко бил магационер, а неговата мајка била домаќинка.
„Имам афинитет кон арапскиот свет. Тоа ми е во крвта преку моите родители. Горд сум што сум Французин, но и горд сум на своето потекло и разновидност“, изјави во минатото Зидан.