Челси и Ал Наср го договорија трансферот, а и фудбалерот ги договори личните услови со клубот, но работите се променија кога се чинеше дека остануваат уште формалности за зделката да се комплетира.
Зијеш не ги поминал медицинските тестови, поради тоа Саудијците не сакале да го комплетираат трансферот.
Тој постигна согласност за договор до 2026 година, иако понудата за личните примања не беше објавена, сигурно се работело за големи пари кои ги добиваат сите кои одат таму. За жал на Зијеш, нема да ја земе договорената сума, ќе треба да продолжи да игра во Европа.
Ова е вторпат Зијеш да нема среќа со заминување од Челси. Во зимскиот преоден рок беше договорен со ПСЖ, беше и во Париз, но документите не стигнаа на време, преодниот рок заврши и тој не успеа да потпише за францускиот тим.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.