573
Реал Мадрид синоќа одигра уште еден лош натпревар, беше елиминиран од третолигашот Алкојано и покрај тоа што имаше и играч повеќе.
По мечот Зидан беше запрашан и дали се уште ја има поддршката на фудбалерите.
„Мислам дека ја имам, но треба да ги прашате нив дали ја имам нивната поддршка“, вели Зидан.
„Имавме добри натпревари и резултати, не во последно време, но со исклучок на овие последни натпревари, ние игравме добро оваа сезона“.
„Кога ќе загубите секогаш почнуваат муабетите. Ја прифаќам одговорноста и што треба да се случи, ќе се случи. Смирен сум, фудбалерите сакаа да го добијат натпреварот, но понекогаш се случуваат порази, тоа е фудбалот. Одговорноста е моја“.