Зидан откри што му кажал на Варан по мечот со Манчестер Сити

by
1 минути читање

На Реал Мадрид му беше тешко без Серхио Рамос, командантот во одбраната го немаше, па кралскиот клуб направи многу грешки, а две на Варан беа кобни.

По мечот шпанските новинари го прашаа Зидан што му кажал на Варан по мечот, а тој одговори: „Ништо посебно не му кажав, му реков само главата горе и ништо друго бидејќи 95% од тоа што го направија моите фудбалери беше спектакуларно. Тоа им го кажав на играчите“.

„Игравме два меча, ги загубивме и двата, па Сити заслужено оди понатаму“.

„Имавме многу добра сезона. Најважно вечерва беше да дадеме се од себе на теренот. Секако дека ни недостасуваа некои работи, но мора да бидеме среќни“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×