Зидан не може да биде тренер на Манчестер јунајтед, не знае англиски!

by
1 минути читање

Веќе подолго време трае паузата на Зинедин Зидан од тренерската работа, неговото име постојано се поврзува со нов ангажман, но уште не се вратил.

Последните гласини го поврзуваат со тренерската позиција во Манчестер јунајтед, но тој неодамна ја отфрли оваа можност.

„Јазикот е причина што не можам да бидам тренер било каде. Тоа ми создава потешкотии. Кога луѓето ќе ми речат: Дали сакаш да одиш во Манчестер? Јас разбирам англиски, но не го владеам целосно. Знам дека има тренери кои одат во клубови без да го зборуваат јазикот, но јас работам поинаку. За да победувате, многу елементи треба да се остварат. Тоа е глобален контекст. Знам што ми е потребно за да освојувам“, вели Зидан.

Во играчката кариера Зидан настапуваше во Франција, Италија и Шпанија. Веројатно ги знае јазиците на овие три земји, па само клубови од таму се опција за него.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×