Зидан има големи планови, Погба, Азар, Мбапе и уште две изненадувачки имиња на листата со желби

by
2 минути читање

Сезоната за Реал
веќе е завршена откако „кралевите“ во седум дена доживеаја три порази и ги загубија шансите во
Копа дел Реј, Ла Лига и Лигата на шампионите. Фокусот сега ќе биде на следната
сезона, а првата дилема беше разрешена синоќа, кога Зинедин
Зидан беше именуван за нов тренер.

Сега останува да
се направи реконструкција на тимот, и иако до почетокот на летниот трансфер
пазар има уште речиси четири месеци, медиумите веќе почнаа да шпекулираат со
имиња.

Новинарот Едуардо
Инда во имисијата „Ел Чирингито“ соопшти дека на листата со желби на Зинедин
Зидан има пет играчи. Зизу побарал ангажман на Еден Азар од Челси, Килијан Мбапе
од ПСЖ, Пол Погба од Манчестер јунајтед Лукас Ернандез од Атлетико Мадрид и
Садио Мане од Ливерпул.

Името на Еден
Азар
исто така се појави и на насловите на голем број весници денеска. Сите
знаат дека Белгиецот сонува за настап во Реал а Зинедин Зидан е неговиот идол.
Па со Зизу сега повторно на кормилото, веројатно големи се шансите Еден Азар
летоска да заврши на Сантијаго Бернабеу и покрај тоа што Челси има забрана за трансфери и не може да донесе замена.

Што се однесува
до Килијан Мбапе и Пол Погба, Зинедин Зидан веќе се обиде да ги донесе своите
сонародници во Мадрид. Во 2016, Реал се откажа од Погба бидејќи не сакаше да
преговара со неговиот агент, контроверзниот Мино Рајола. Во 2017, пак Зидан го
убедуваше Килијан Мпабе наместо во Париз да се пресели во главниот град на
Шпанија, но работите се искомпликуваа откако Герет Бејл одби да замине.

Лукас Ернандез е
едно од двете изненадувања со оглед на тоа што тој настапува за лутиот ривал
Атлетико Мадрид. Во неговиот договор има откупна клаузула од 80 милиони евра,
сума која Реал е подготвен да ја плати, но прашање е дали играчот ќе сака да
направи вакво предавство. Кога неговиот брат Тео потпиша за Реал во 2017, Лукас
изјави дека тој не планира да го следи.

Садио Мане исто
така веројатно е изненадување, но не е прв пат Сенегалецот да се поврзува со
Реал Мадрид. По оставката на Зинедин Зидан во јуни минатата година, веднаш се
појавија гласини дека Садио Мане бил топ цел на Французинот. Наводно се било
договорено со играчот и само Флорентино Перез требал да пронајде заеднички
јазик со Ливерпул, но Зизу си замина и оваа зделка никогаш не се реализираше.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани