„Граѓаните“ го потврдија трансферот на Ајуб Буади од Лил, се работи за зделка од 100 милиони евра, 18 годишниот фудбалер од средниот ред станува најскапиот тинејџер во историјата на Премиерлигата.
Ајуб Буади, кој беше една од сензациите на мундијалот во САД, е нов фудбалер на Манчестер Сити.
„Граѓаните“ за услугите на Ајуб Буади на Лил ќе му платат 100 милиони евра, односно 95 милиони евра како фиксен дел, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.
Со ова, 18 годишниот Мароканец станува најскапиот тинејџер во историјата на Премиерлигата, ќе го надмине рекордот на Лени Јоро, за кого Манчестер Јунајтед во 2024 плати нешто помалку од 70 милиони евра.
„Манчестер Сити за мене е најдобриот клуб во светот. Сон е да бидам тука и да можам да се нарекувам играч на Сити. Поголемиот дел од животот го поминав напорно работејќи да станам најдобриот играч што можам, и да стигнам до врвот. Го следам Сити многу години и го сакам нивниот стил на игра. Сити секогаш се обидува да игра квалитетен фудбал, а покажа и дека е победнички клуб, кој е создаден за освојување трофеи“ – вели Ајуб Буади.
ФОТО: X/Manchester City