Зидан им соопштил на фудбалерите дека заминува од Реал Мадрид

by
1 минути читање

„Телемадрид“ пред
неколку дена објави дека Зинедин Зидан одлучил да го напушти Реал Мадрид по
крајот на сезоната. Новинарот Фернандо Бурго од „Онда Серо“ сега се надоврзува на
оваа тема и открива дека популарниот Зизу им соопштил на фудбалерите дека
заминува од „Сантијаго Бернабеу“.

Французинот ова
го сторил уште минатата недела, односно пред дуелот со Севиља. По крајот на
трененигот, тој им ја пренел на играчите својата одлука. И покрај тоа што има
договор до 2022 година, стратегот верува дека е дојден крајот на циклусот и
време е да го напушти кормилото.

На синоќешната
прес конференција, Зинедин Зидан меѓу редови најави заминување и рече: „Има
времиња кога треба да замините за доброто на сите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×