24фудбал

Телемадрид: Зидан донесе одлука за својата иднина

Регионалниот мадридски тв канал, „Телемадрид“ тврди дека Зинедин Зидан донел конечна одлука за неговата иднина, заминува по крајот на сезоната без разлика.

Шпанија

Според овој медиум, францускиот стратег долго размислувал за својата иднина и конечно донел одлука, а тоа е да замине од кормилото на Реал Мадрид по крајот на сезоната.

Иако има уште една сезона од договорот, тој решил да замине порано поради физички и пред се психолошки замор.

Реал Мадрид се уште е во трка за титулата во Примера, но и да ја освои, тоа нема да ја промени одлуката на Зидан.