Зидан: Еднаш се жалат за судиите… друг пат за распоредот… секој ден нешто се случува

by
1 минути читање

Ре-старот на
сезоната во Ла Лига е со многу контроверзии. Реал Мадрид го зграпчи врвот по
киксот на Барселона против Севиља, по што следуваa бурни реакции од
Каталонија и обвинувања дека „кралевите“ добиваат помош од судиите поради неколкуте спорни одлуки со ВАР.

Сега е
проблематичен и распоредот, Реал Мадрид испрати официјален протест за своите
дуели од 33 и 34. коло, додека пак Барселона потенцира дека нивниот ривал за
титулата ќе има 26-27 часа повеќе одмор.

Зинедин Зидан
беше запрашан за ова на денешната прес конференција, но тренерот на Реал Мадрид
одби да додава масло во огнот.

„Видете,
распоредот е таков каков што е, и нема да се промени. Секој треба да си ја гледа
работата. И јас имам мислење, но нема да навлегувам во дебата. Еднаш има
примедби за судиите, друг пат за распоредот… Секој ден нешто се случува. Во
мојот фокус е само утрешниот натпревар, се работи за финале. До крајот има осум
кола, не чекаат важни натпревари и мене ме интересира само ова“
– вели Зизу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×