175
Зидан вели дека Бензема е една од клучните алки во играта на Реал Мадрид и неговиот допринос на теренот не се само головите, туку тој е многу поширок.
„Бензема ни ја донесе победата бидејќи тоа што го прави на теренот е на друго ниво, не само поради головите. Сум кажал и претходно, неговиот допринос не се само головите, тој е клучна точка во нашата игра. Тој е многу важен за нас, а кога ќе постигне гол тогаш уште подобро, но и без тоа е многу важен за тимот“, вели Зидан.