Струга Трим Лум запиша нови три бода во ПМФЛ, откако на домашен терен со минимални 1-0 го совлада Силекс во претпоследниот натпревар од шестото коло.
Дуелот во Струга не понуди многу возбудувања и шанси за гол, особено во првите 45 минути. Двете екипи играа претпазливо и повеќе внимаваа на својот гол.
Решавачкиот момент дојде по еден час игра. Диако успеа да го совлада Џеков и да го доведе домашниот тим во предност. На крајот, неговиот погодок се покажа како единствен и доволен за Струга да стигне до победата.
За Струга ова е четврти сезонски триумф, со кој тимот стигна до 13 бода. Стружани сега имаат два бода помалку од лидерот Шкендија, додека имаат два бода повеќе од Тиквеш, кој моментално е на третото место.
Силекс, пак, го претрпе вториот пораз сезонава и остана на петтата позиција со седум освоени бода.
Во следното коло Струга ќе гостува во Кавадарци кај Тиквеш, додека кратовски Силекс на домашен терен ќе ја пречека Брегалница.