Зидан: Бејл ми рече дека не сакал да игра против Манчестер Сити

by
1 минути читање

Вечерва Реал Мадрид има тешка мисија, треба да надополни негатива од 2-1 против Манчестер Сити. Зидан во составот ќе го нема суспендираниот Серхио Рамос, но изненадување е отсуството на Герет Бејл кој нема никаков проблем да настапи.

„Имав личен разговор со него, тој преферира да не игра. Останатото останува меѓу мене и него, но тој ми рече дека не сака да игра“, вели Зинедин Зидан за причината поради која Бејл не е во тимот.

„Би-Би-Си“ тврди дека Бејл одлучил да не патува во Манчестер бидејќи знаел дека нема шанса да биде инволвиран во мечот.

Запрашан за иднината на Бејл во Реал Мадрид, Зидан одговори: „Не знам. Сега е фудбалер на Реал Мадрид, тоа се нема променето, тој е наш фудбалер. Го почитувам тоа, го почитувам него, како и сите останати“.

„Тој реши да не игра. Тоа е единственото нешто што можам да ви го кажам. Останатите се тука, се подготвуваат за мечот. Концентрирани сме само на натпреварот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×