Жозе Мурињо лично се јавил и ја убедувал ѕвездата на Манчестер јунајтед да се пресели во Фенер

by bojan
1 минути читање

Фенербахче сака да го ангажира Џејдон Санчо, Жозе Мурињо лично му се јавил на фудбалерот и го убедувал да се пресели во Истанбул.

Фенербахче и Галатасарај ова лето водат војна на трансфер пазарот и се натпреваруваат кој ќе успее да донесе позвучни засилувања.

Галатасарај неодамна издејсствува важна победа и го ангажираше Лерој Сане од Баерн Минхен, а последните информации велат дека Фенербахче сега крои планови како да го ангажира Џејдон Санчо.

Тренерот на Фенер, Жозе Мурињо лично му се јавил на фудбалерот и го убедувал да се пресели во Истанбул.

Се говори дека „жолто-сините“ се подготвени да плати околу 15 милиони фунти за ангажман на Англичанецот, но оваа сума нема да биде доволна, Манчестер јунајтед бара околу 25 милони фунти за да прифати продажба.

Минатото лето, „ѓаволите“ имаа понуди вредни и до 50 милиони фунти од Саудиска Арабија, но напаѓачот не сакаше да се пресели таму.

ФОТО: X/Manchester United

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×