Жоао Педро со голот за 31 секунда испиша историја во Премиер лигата (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Челси и Фулам го играат лондонското дерби во првото коло од Премиер лигата, а по 40 минути игра резултатот е 2-1. Натпреварот на „Крејвен Котиџ“ започна спектакуларно, бидејќи Челси поведе по само 31 секунда со голот на Жоао Педро.

Челси веднаш по почетниот удар тргна кон голот на домаќините. Кол Палмер одлично го проигра Жоао Педро, кој се најде зад одбраната на Фулам и смирено го префрли голманот Бернд Лено за експресно водство на тимот на Чаби Алонсо.

Бразилецот со овој погодок испиша историја во натпреварувањето. Неговиот гол по 31 секунда е најбрзиот постигнат на натпревар од првото коло во Премиер лигата. Досегашниот рекорд го држеше Дејвид Хили, кој во 2007 година постигна гол за Фулам против Арсенал по 50 секунди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×