Жиру со емотивна порака се збогува од Дешан: Ќе бидеме поврзани до крајот на животот…

by Стефан
1 минути читање

Дидие Дешан повеќе не е селектор на француската репрезентација, а последниот натпревар на клупата го водеше во дуелот за третото место на Светското првенство. Сепак, Франција турнирот го заврши со два последователни порази и на крајот мораше да се задоволи со четвртото место.

Иако не беше дел од составот на Мундијалот 2026, легендарниот француски напаѓач Оливие Жиру преку социјалните мрежи му се обрати на Дешан со емотивна порака по неговото заминување.

„Ќе бидеме поврзани до крајот на животот. Зборовите што ги кажавте во соблекувалната по натпреварот на тој незаборавен 15 јули 2018 година и денес ми одѕвонуваат во главата.

Никогаш нема да ги заборавам 12-те години што ги поминавме заедно, исполнети со страст и љубов кон синиот дрес. Ви благодарам за довербата и за желбата секогаш да го извлечете најдоброто од мене, туркајќи ме понекогаш и до самите граници на моите можности.

Беше привилегија и огромна чест што заедно со вас и со нашите соиграчи испишавме историја на францускиот фудбал. Едно поглавје завршува, но она што го изградивте засекогаш ќе остане дел од историјата на француската репрезентација. Ви благодарам, селекторе“, напиша Жиру.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×