Жиру се враќа во земјата каде што сензационално стана шампион во 2012 година?

by Стефан
1 минути читање

Францускиот напаѓач Оливие Жиру би можел да стави крај на авантурата во САД порано од очекуваното и повторно да заигра во својата татковина. Искусниот голгетер, кој годинава наполни 38 години, е на чекор до трансфер во Лил.

Доколку дојде до договор, тоа би значело враќање на Жиру во францускиот фудбал по пауза од речиси една и пол деценија. Последен пат настапуваше во Лига 1 во дресот на Монпелје, токму во сезоната 2011/12 кога клубот сензационално стигна до шампионската титула. Оттогаш, кариерата го однесе во Арсенал, Челси и Милан, каде редеше голови и титули, а со репрезентацијата на Франција стана и светски шампион во 2018 година.

Иако договорот со Лос Анџелес ФК му истекува на крајот на оваа година, од таборот на МЛС тимот се спремни да му излезат во пресрет и да му дозволат предвремен раскин, имајќи предвид дека неговиот учинок изминатата сезона не ги оправда очекувањата.

Жиру досега одигра 137 натпревари за француската репрезентација во кои постигна 57 голови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×