Македонскиот шампион ЖФК Љуботен повторно ќе има чест да биде домаќин на квалификацискиот турнир во Лигата на шампионките, потврдија од клубот по денешната ждрепка во Нион.
Тетовчанки добија солиден противник во полуфиналето ќе се соочат со НСИ Рунавик од Фарските Острови, додека во другата двојка ќе играат НСА Софија и ерменски Пјуник.
Во договор со останатите три учесници, Љуботен ја презеде организацијата на мини-турнирот, кој ќе се игра во Скопје. Иако клубот е од Тетово, сите натпревари ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија.
Според првичниот календар на УЕФА, полуфиналните средби се закажани за 30 јули, а финалето и мечот за третото место ќе се играат на 2 август.