ЖФК Љуботен доби противник по мерка во Лигата на шампионките!

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот првак ЖФК Љуботен ќе ја претставува нашата земја во квалификациите за Лигата на шампионките.

Тетовчанки ќе стартуваат од првата рунда, а ждрепката им го додели тимот на НСИ Рунавик од Фарските Острови како противник во полуфиналето на мини-турнирот. Љуботен беше носител пред извлекувањето, а среќата ги однесе на хартија до најпосакуваниот ривал.

Во групата 3, каде се најде нашиот тим, второто полуфинале ќе го одиграат НСА Софија од Бугарија и ерменски Пјуник. Победниците од овие две средби ќе се борат за пласман во следната рунда, додека поразените ќе играат за утешната трета позиција.

Полуфиналните натпревари се закажани за 30 јули, финалето на 2 август, а домаќинот на турнирот допрва ќе биде утврден во договор со сите четири клуба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×