Несторовски ѝ даде два гола на Ријека, па танцуваше во соблекувалната! (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Славен Белупо со убедливи 4-1 ја победи Ријека, а два погодоци постигна македонскиот напаѓач, Илија Несторовски.

Ријека поведе со 1-0, а потоа следуваа четири голови на Славен Белупо.

Двата гола на Несторовски беа во второто полувреме, за 3-1 и 4-1.

Македонскиот фудбалер игра фантастична сезона, досега постигна седум голови и го дели второто место на листата на стрелци со Фердериксен од Истра. Прв е Бељо од Динамо Загреб со десет гола.

По денешниот натпревар, Несторовски беше централна фигура и во соблекувалната каде приреди танц додека останатите го бодреа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×