Каљари има фантастичен старт на сезоната и многу малку фалеше тој да го продолжи со победа и над Јувентус, натпреварот заврши 1-1.
Домаќините дојдоа во водство уште во 20. минута со гол на Даниел Малдини. Тоа беше и резултатот од првото полувреме.
Јувентус долго време се мачеше да дојде до израмнување, тоа конечно им успеа во 81. минута кога Коло Муани постигна гол за 1-1, што беше и конечен резултат.
По шест одиграни кола Каљари е на високото четврто место со само три бода помалку од Интер и Лацио кои имаат по 16. Јувентус е шести.