Жесус искрено: Во Саудиска Арабија заработувам повеќе за еден месец отколку за цела година во Европа!

by bojan
1 минути читање
Жорж Жесус се радува на титула со Ал Наср

Тренерот на Ал Наср, Жорж Жесус вели дека во моментов не размислува за враќање во Европа, вели дека во Саудиска Арабија заработува повеќе за еден месец отколку што би заработил за цела година таму.

Жорж Жесус вчера го предводеше Кристијано Роналдо и Ал Наср до титулата во првенството на Саудиска Арабија, па по крајот на натпреварот доби прашање за неговата иднина.

Изминатиов период често се говореше дека стратегот сака да се врати во Европа, беше поврзуван со клупата на Фенербахче, каде помина една сезона 2022/23.

Но тој искрено порача дека во моментов нема желба за една ваква авантура поради парите кои ги заработува.

„Да, можем имама недовршена работа во Фенербахче, но ќе видиме што ќе се случи“ – вели Жорж Жесус.

„Прво ќе одморам неколку дена во Португалија, па потоа планирам да одам во Бразил за да се видам со пријателите“.

„Да бидеме реални, ниту еден клуб од Европа не може да ги покрие условите што ги имама сега. Еве и да речеме дека би се вратил во Португалија, што е практично невозможно, тоа би го сторил само од спортски побуди“.

„Од финансиски аспект, нема шанси. Во Саудиска Арабија заработувам повеќе за еден месец отколку за цела година во Европа!“

Можно е и ова да ти се допаѓа

×