Жестоки критики за Рашфорд: Не вреди ниту 10 милиони!

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот голман на Манчестер јујнајтед, Бен Фостер зборуваше за Маркус Рашфорд и неговиот учинок оваа сезона.

Фостер своевремно бранеше и за репрезентацијата на Англија, а најдлабока трага остави во Вест Бромвич Албион.

„Маркус Рашфорд…Толку многу луѓе зборуваат за него, велат дека ќе дојде неговиот ден, но тој доаѓа на секои десет натпревари. Не можете себе да си дозволите луксуз да имате фудбалер кој игра еден добар натпревар во десет. Мора да замине, а следна дестинација веројатно ќе биде МЛС или нешто слично“, изјави Фостер.

Според Фостер тој не вреди ниту десет милиони фунти.

„Луѓето зборуваат за 40 милиони фунти. Јас не би платил ниту 10 милиони“, истакна Фостер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани