Ал Хилал беше
еден од клубовите од Саудиска Арабија кои ова лето инвестираа огромна сума на
пари, и потроши преку 350 милиони евра на играчи као Нејмар, Малком, Рубен
Невеш, Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ Савиќ, Калиду Кулибали и Боно.
Но очигледно
атмосферата во тимот не е иделна, медиумите пишуваат за голем инцидент по
ремито од 1-1 против Дамак.
Атмосферата се
вжештила во соблекувалната, имало обвинувања за тоа кој е виновен за лошите
игри, Нејмар прстот го вперил кон тренерот Жорж Жесус, кој пак не премолчел и
пред сите му замерил на напаѓачот за неколкуте големи промашувања, кои не смеел да си ги дозволи играч од негов калибар.
На Нејмар не му
се допаднало што бил каран пред цела соблекувална, па веднаш се сретнал со
сопствениците на клубот и побарал тренерот да добие отказ.
Останува да се
види дали има вистина во ваквите гласини, претходно имаше слични стории и за
недоразбирање во таборот на Ал Итихад, каде се бараше „главата“ на тренерот
Нуно Еспирито Санто.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.