Ждрепката направи проблем во Романија: Не го признаваме Косово и не треба да играме против нив

by
1 минути читање

Романија не ја признава независноста на Косово. Романската фудбалска федерација најави дека ќе разговара со владата за да се утврди како ќе се организира овој натпревар.

„Романија е во иста група со таканареченото Косово, а имајќи ја предвид политичката ситуација, Фудбалската федерација на Романија ќе се консултира со владата на Романија за да се утврди под кои услови ќе се организира натпреварот со таканареченото Косово“, соопшти Романската фудбалска федерација.

Во јавноста се јави и поранешниот министер за надворешни работи на Романија, Теодор Малескану кој смета дека не треба да се игра мечот со Косово.

„Косово не е признаено од повеќе земји вклучувајќи ја и нашата. Никогаш не сме ја признале нивната независност. Нашата Фудбалска федерација треба да разговара со другите земји кои имаат ист став како нашиот и треба да се излезе со метод кој нема да го наруши целиот систем, туку да ги почитува работите кои се многу јасни од гледна точка на Романија. Ако не се најде решение, тоа што можеме да го направиме е да загубиме со 3-0 (службен резултат за неодигран меч) од Косово“, вели Малескану.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×