Зделката се комплетираше, Тод Боли и неговиот конзорциум се нови сопственици на Чесли

by
1 минути читање

Заврши ерата на
Роман Абрамович во Челси, попладнево пристигна потврда за комплетирање на
зделката со која Челси премина во рацете на конзорциумот предводен од Тод Боли
и Клиарлејк.

„Чест ни е што станавме
нови сопственици на Челси“
– рече Боли. „Нашата визија е јасна, сакаме да ги
направиме навивачите горди. Покрај тоа што сакаме да ги развиме младинските
тимови и да ги донесеме најдобрите таленти, планираме да инвестираме во клубот
и да продолжиме да бележиме успеси“.

Медиумите подолго
време пишуваат дека зделката е тешка 4,25 милијарди фунти, од оваа сума, 1,75
милијарди фунти се пари кои ќе бидат инвестирани во тимот во следните 10 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×