Заврши серијата без пораз за Димитриевски и Рајо Ваљекано (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Македонскиот голман, Столе Димитриевски стандардно беше на голот на Рајо Ваљекано кој по долго време ја почувствува горчината на поразот.

Резултатот беше отворен уште во седмата минута со несреќен автогол на Баљиу. Бетис поведе со 1-0.

Во 20. минута Рајо Ваљекано дојде до израмнување, Камељо начека една одбиена топка од голманот на Бетис и ја смести во неговата мрежа.

На пет минути пред крајот на првиот дел, Луис Енрике даде гол и го врати водството на Бетис од 2-1, што беше и конечен резултат.

Во вториот дел Рајо постигна гол, но беше поништен со ВАР поради офсајд.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×