286
Според „Раи Спорт“, Наполи и Марсеј постигнале договор за трансфер на Милик кој во четврток треба да ги помине медицинските тестови и да го потпише договорот.
Актуелниот договор на Милик со Наполи истекува по крајот на сезоната, но Марсеј успеа да се договори со наполитанскиот клуб сега да го донесе во своите редови.
Договорот е Милик да стави потпис на нов договор со Наполи, па наредните шест месеци да ги помине во Марсеј на позајмица со опција за откуп на лето.
Марсеј за да го откупи ќе плати 9 милиони евра, плус 4 милиони евра во бонуси и 20% од следната продажба на Милик.
Фудбалерот веќе ги договори личните услови со Марсеј, ќе добива плата од 4 милиони евра годишно.