Зарем ова е легално? Селта доби дозвола да го замени тешко повредениот голман а купи напаѓач!

by
1 минути читање

Барселона во
февруари купи фудбалер иако зимскиот преоден рок беше завршен. „Каталонците“ добија
специјална дозвола од Ла Лига поради повредата на Осман Дембеле, кој мораше на
операција и пауза од шест месеци. Тогаш на Камп Ноу од Леганес пристигна
напаѓачот Мартин Брејтвајт.

На ова правило
сега се повика и Селта откак вториот голман Серхио Алварез во мај ги скина
лигаментите на коленото и го чека долга пауза.

Но сите останаа
зачудени од потегот на клубот од Виго, со оглед на тоа што не беше донесен нов голман,
туку беше купен напаѓачот на Севиља, Нолито.

Многумина прашуваат
дали ова е легално и како Ла Лига може да даде зелено светло за ваква зделка?

Селта до крајот
на сезоната ќе се бори за опстанок, во моментов е на +2 во однос на местата кои
носат во Секуда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×