Запата: Папу Гомез се уште е капитен на Аталанта

by
1 минути читање

Кавгата меѓу Гасперини и Папу Гомез е толку голема што нема шанси да дојде до помирување, сметаат италијанските медиуми.

Се шпекулира дека Аргентинецот ќе си замине во јануарскиот преоден рок. Тој не беше дел од дуелот со Рома кој Аталанта го доби со 4-1 со фантастична игра во второто полувреме.

„Имавме тежок период, но овој пат одигравме одличен натпревар. Не беше лесно да направиме пресврт. Јас живеам за голови но некогаш тие не се најважната работа. Важно е и да му се помогне на тимот“, вели Запата кој беше стрелец на еден од головите.

„Иличиќ ни помогна да играме подобар фудбал, тој беше фантастичен, среќен сум за него, може да се каже дека сега е фит“.

„Папу Гомез се уште е еден од нас, тој е нашиот капитен и се надеваме дека наскоро повторно ќе го видиме на теренот со нас“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×