Во голем дел од летото Запата се поврзуваше со Рома, но волчицата не успеа да се договори со Аталанта, по што тој заврши во Торино.
Вечерва Рома имаше водство со 1-0, но на пет минути пред крајот Запата погоди со глава и израмни на 1-1.
„Бев многу блиску до Рома, но во животот се случуваат вакви работи, животот сакаше да го облечам овој прекрасен дрес и среќен сум што сум тука“, вели Запата.
„Среќен сум поради голот и играта. Ова не беше лесен меч. Рома е одличен тим со многу квалитетни фудбалери. Кога не можете да победиме, важно е да не загубите. Ние ја сакавме победата, но и бод е добар“.
Веројатно ако Рома го купеше Запата, немаше да го ангажира Лукаку, па не може да се каже дека направиле грешка во преодниот рок и покрај суровиот крај на вечерашниот натпревар.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.