Синоќа во 84. минута од натпреварот меѓу Реал Мадрид и Мајорка, во игра влезе Лука Ромеро. Со 15 години и 219 дена тој стана најмладиот играч во историјата кој заиграл во Ла Лига, уривајќи го рекордот на Сансон од 1939 кој во дресот на Селта заигра со 15 години и 255 дена.
Лука Ромеро е во роден во Мексико од родители Аргентинци, на тригодишна возраст се сели во Шпанија.
Во 2011 година Ромеро имал проба во Барселона но не можел да потпише за нив бидејќи имал помалку од десет години и не живеел во тој регион.
Во 2015 година потпишува договор со Мајорка на десетгодишна возраст. Во првите четири години за младинските екипи на Мајорка постигнал 230 голови на 108 натпревари.
На првиот тим на Мајорка се приклучува овој месец, на 5 јуни бил пвикан од тренерот Висенте Морено, на мечот со Виљареал седеше на клупата, но во игра влезе на синоќешниот дуел против Реал Мадрид и испиша историја.

Ромеро го викаат новиот Меси, има настапи за аргентинската репрезентација до 15 години. Но може да бира за која селекција ќе настапува во сениорска конкуренција бидејќи има три државјанства, мексиканско, аргентинско и шпанско.
Тој потекнува од фудбалско семејство, неговиот татко Диего бил професионален фудбалер, а Ромеро има брат близнак, Тобиас кој е голман.
Прогнозите велат дека Лука Ромеро ќе биде идна голема фудбалска ѕвезда, но останува да видиме како ќе го развива својот неспорен талент и дали ќе дојде до височините кои му се предвидуваат.