Заниоло: Во Рома ми велеа дека сме браќа, а никој не се поздрави со мене кога си заминав!

by
1 минути читање

Заниоло неславно ја напушти Рома откако се скара со навивачите и раководството на клубот, а очигледно е дека ги разочарал и соиграчите кои не го испратиле како што очекувал.

„Бев разочаран од реакцијата речиси на сите. Нема да посочувам имиња, но некој рече дека сме биле како браќа, а потоа не дојдоа да се поздрават со мене“, вели Заниоло.

„Мојата фамилија беше исплашена од однесувањето на фановите кои дојдоа и во мојата куќа. Луѓето беа толку лути што не можев и да разговарам со нив нормално. Тие денови го исклучив телефонот бидејќи добивав многу лоши пораки“.

Но, Заниоло има одлично мислење за Жозе Мурињо, вели дека му е жал што подолго не останал со него.

„Тој е голем тренер и голем човек. Под негово водство играв речси секогаш. Тој знае да менаџира играчи кои се ѕвезди и јас не бев ѕвезда. Би сакал да можев да работам со него четири – пет години, но и во ова време ми даде многу од неговото знаење“.

„Рома има многу силен тим. Може да ја освојат Лига Европа и да завршат во топ четири“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×