Заниоло тепал младинци на Рома, римскиот клуб го потврди инцидентот

by riste
1 минути читање

Николо Заниоло е во центарот на вниманието поради сериозен скандал, тепал млади играчи на Рома по мечот на младинските тимови на Рома и Фиорентина.

Заниоло немаше најдобра разделба со Рома иако засега таму ги имаше најдобрите денови од кариерата.

По мечот на младинците на Рома и Фиорентина, Заниоло истепал двајца фудбалер на волчицата. Инцидентот се случил во соблекувалните каде што фудбалерот на виолетовите влегол и физички ги нападнал младите играчи.

„Рома објавува дека по завршувањето на мечот се случи непријатен инцидент во кој учествуваше Николо Заниоло. Нашиот тим најостро ги осудува агресивното однесување и постапките кои не се во рамки на спортските вредности“, сооопштија од римскиот клуб.

Тоа беше меч од полуфиналето во борбата за Скудето во младинската лига, Фиорентина победи со 2-1.

Изјава даде и Заниоло, неговата верзија е поинаква.

„По крајот на мечот се симнав во соблекувалните да им честитам на момците на Фиорентина, потоа влегов во соблекувалната на Рома да ги поздравам и да им честитам за сезоната, но тие почнаа да ме навредуваат, па за ситуацијата да не стане проблематична си заминав“, рече Заниоло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани