Заниоло: Рома ми е во срцето, никогаш нема да играм за Лацио!

by
1 минути читање

Заниоло немаше добра разделба со Рома, но и покрај тоа е приврзан за римскиот клуб и нема намера да игра за соседот.

„Рома останува во моето срце, никогаш во животот нема да одам во Лацио“, изјави Заниоло за „Кориере дело Спорт“.

„Фокусиран сум на Астон Вила, а потоа Галатасарај ќе одлучува за мојата иднина“.

„Ми недостасува Италија, се разбира, но мојота агент ќе ме информира во случај да има конкретни понуди“.

Тој вели дека Унаи Емери е еден од најдобрите тренери во светот и покрај тоа што не се изнаигра во Астон Вила.

„Унаи Емери е еден од најдобрите тренери во светот, на исто ниво со Пеп Гвардиола, Клоп и Мурињо. Вистина е, немав многу голема минутажа и очекував повеќе. Но искрен сум за да кажам дека Емери е тренер од светска класа“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани