Заниоло потврди, го пропушта дербито против Јувентус (ФОТО)

by
0 минути читање

За два дена Жозе Мурињо загуби двајца клучни фудбалери, прво Џини Вајналдум кој ја скрши ногата на тренинг, а денеска и Николо Заниоло кој заработи повреда на рамото.

На прес-конференцијата по мечот, Жозе Мурињо изјави дека Заниоло ќе отсуствува некое време. А самио фудбалер преку инстаграм даде поконкретна информација.

„За сите што се надеваа на нешто големо… се гледаме за три недели“, напиша Заниоло. 

Веројатно сакаше да упати поздрав до оние кои се надеваа на негова долга пауза со оглед на претходните две големи повреди во кариерата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×