Поранешниот играч на Рома кој во јануарскиот преоден рок замина во Галатасарај, подготвен е да ја напушту Турција по само неколку месеци иако вели дека му е добро таму.
„Среќен сум во Истанбул и ќе играме во Лигата на шампионите. Како и да е, доколку дојде понуда до крајот на август и тоа биде добра прилика за мене и Галатасарај, тогаш ќе ја разгледам“, вели Заниоло.
„Отворен сум за се, вклучително и останување во Галатасарај. Јасно е, Јуве е Јуве, дури и без Лига на шампиони и други европски натпреварувања“.
„За Јуве навивам од дете, мој идол беше Погба. Играње за Јувентус би ме направило многу среќен. Зборуваме за голем клуб“.
„Ќе повторам, доколку понудата ги задоволува сите три страни, Галатасарај, мене и Јувентус, тогаш ќе ја прифатам. Во спротивно, среќен сум во Турција. Нема да си создавам очекувања, што и да се случи ќе биде во ред“.
И покрај разделбата со Рома, Заниоло има само големи зборови за Жозе Мурињо.
„Рома е важен период од мојот живот, со некои одлични моменти и други не толку многу, но секогаш ќе им бидам благодарен на фановите. Се надевам дека на Рома ќе и оди добро во иднина“.
„Не сум зборувал со Жозе Мурињо откако заминав. Знам дека се грижи за мене, бидејќи секогаш го прашува Серж Оливеира, мојот соиграч од Галатасарај, како ми оди. Секогаш ќе бидам благодарен на Мурињо“.
„Минатата година, пред мечот со Емполи бев во депресија бидејќи немав постигнато гол на пет-шест натпревари. Тој ме тргна на страна и ми рече, опушти се, денеска ќе дадеш гол. И тоа се случи. Мурињо е неверојатен, тој може да види што ќе се случи пред тоа да се случи“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.