Интер важеше за најголем фаворит за потписот на Дибала, но тие нема да го земат Аргентинецот додека некои од напаѓачите не си замине, пред се се мисли на Џеко и Алексис Санчез.
Занети вели дека сега за сега се полни со играчи во офанзивната линија, па нема место за Дибала, но тоа не значи дека работите не можат да се променат.
„Ги имаме Лаутаро, Лукаку, Кореа, Џеко и Санчез, ги стартувавме подготовките со овие фудбалери. Во моментов е така, нема место, но тоа не значи дека работите не можат да се променат. Како што претходно кажа и директорот, тој е слободен играч, секогаш постои можност“, вели Занети.
Веќе поминува долго време откако Дибала го напушти Јувентус, па тој не планира веќе да го чека Интер дали ќе направи место за него. Наполи и Рома се опции кои Аргентинецот ги разгледува во моментов.