„Заменете ги сите судии – бараме правда!“

by
1 минути читање

Повеќе пати оваа сезона се случува Салернитана да не е задоволна од судењето. Така беше и вчера во поразот од Наполи со 2-1.

Гостите од Слаерно водеа со 1-0, а Наполи со пресврт, со погодок во 96. минута од мечот дојде до победа од 2-1.

Пипо Инзаги распали по судиите по мечот, но претседателот на Салернитана, Данило Иерволино отиде чекор подалеку и побара смена на сите судии.

„Сакаме мораториум и комплетна замена на сите овие судии. Веќе стана неопходно гласно да се побара оставка од главниот назначувач Џанлука Роки. Промените почнуваат од главата“, вели Иерволино.

„Немам зборови како да го опишам скандалозното и навредливо судење на овој меч кое е погубно за нашиот клуб“.

„Имаше чист пенал врз Нвакво Сими и Диего Деме го фаулираше Чауно пред голот на Наполи. Тоа се неверојатни грешки“.

„Не сакаме само почит, туку и правда за нас и за сите други тимови кои се борат за опстанок во Серија А и се мета на неверојатни грешки од полупрофесионални судии. Тие се само полупрофесионалци во индустрија на професионалци“.

„Историјата ќе ги памети овие судии како најлошите во италијанскиот фудбал“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×