Закажан датумот за доделување на „Златната топка“: Ова се главните фаворити

by Стефан
2 минути читање

Годинешната свечена церемонија за доделување на „Златната топка“ ќе се одржи на 22 септември во Париз, во престижниот „Театар Шатле“ и ќе биде 69. по ред. З

а разлика од претходните години, изборот на најдобриот фудбалер на светот овојпат ќе биде посложен од кога било, бидејќи ниту еден поединец не се истакна со апсолутна доминација ниту на теренот, ниту во смисла на освоени трофеи. Ситуацијата дополнително е усложнета и поради фактот што сезонава изостанаа големите репрезентативни натпреварувања, како Светско или Европско првенство.

Меѓу најчесто споменуваните имиња во јавноста се наоѓаат Мохамед Салах, Осман Дембеле, Лаутаро Мартинез, Рафинја и Ламин Јамал. Тандемот на Барселона, Рафиња и Јамал блескаше во Ла Лига и ја донесе титулата во Каталонија, но нивната европска авантура заврши во полуфиналето од Лигата на шампионите, каде беа елиминирани од Интер.

Лидерот на Интер, Лаутаро Мартинез, има шанса да го одведе својот тим до европскиот врв. Трофејот од Лигата на шампионите би бил силен адут во неговата кандидатура, а иако шансите за титулата во Серија А се минимални, тие сè уште се во игра, меѓутоа таму „нераѕурите“ ќе мора да чекаат кикс на Наполи во последното коло.

Интер ќе се соочи со ПСЖ во големото финале на ЛШ. Французите го елиминираа Арсенал и веќе одамна го обезбедија домашното првенство. Од редовите на францускиот гигант сезонава се издвојува Дембеле кој со своите маестрални потези постојано создава главоболки за противничките одбрани.

Ливерпул, иако рано заврши со настапите во Лигата на шампионите, имаше доминантна сезона во англиската Премиер лига. Главен во нивниот поход беше Мохамед Салах, кој уште еднаш ја покажа својата класа во дресот на „црвените“.

Како и да е едно е сигурно – ќе биде неизвесно и интерсно до самиот крај!

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани