Закарија: Во Челси ќе бидам посреќен отколку во Јувентус

by
1 минути читање

Закарија открил дека за можноста да потпише за Челси дознал само неколку часа пред да го направи тоа.

„Сè се случи така бргу. Не знаев за Челси, додека агентот не ми кажа, тоа беше шест часа пред потпишувањето. Секако мислам дека во Англија ќе бидам посреќен отколку во Јувентус“, изјави Закарија.

Тој одигра само 15 натпревари за Јувентус и постигна еден гол откако во клубот од Торино пристигна во јануари од Борусија Менхенгладбах.

„Тешко е да се каже што беше лошо. Алегри е добра личност, но тимот не играше добро, што е штета со такви таленти во составот. Можеби тој стил на фудбал, едноставно не ми одговараше“.

Тој се уште не дебитирал за Челси бидејќи се опоравуваше и од повреда, но тоа ќе се случи наскоро.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×