Кристал Палас го чекаат нови напорни преговори по оние со Манчестер јунајтед за Арон Ван Бисака, кој е на чекор до Олд Трафорд во трансфер вреден 45+5 милиони фунти.
Попладнево неколку извори пренесоа дека Вилфред Заха побарал од Кристал Палас да биде продаден на Арсенал, клубот за кој навива. Според Скај Спортс, се очекува наскоро „топчиите“ да достават понуда за услугите на репрезентативецот на БСК.
„Орлите“ не сакаат да се разделат со 26 годишниот офанзивен играч и се верува дека поставиле висока цена од 80 милиони фунти.
Ова е проблем за „топчиите“, кои имаат ограничени средства за трошење и трансфер буџет од 45 милиони фунти по неуспехот да се обезбеди настап во Лигата на шампионите, па Арсенал ќе мора најпрво да продава.
Ваквата ситуација може да донесе двоен ќар за Манчестер јунајтед. Пјер Емерик Обамејанг се поврзува со „ѓаволите“ и клубот од Емирати би можел да го жртвува голгетерот и да договори зделка со лутиот ривал за да има повеќе пари за засилувања.
Исто така клубот од Олд Трафорд има клаузула според која му следуваат 25% од следниот трансфер на Вилфред Заха. Па доколку Арсенал ја плати бараната сума од 80 милиони фунти, дури 20 милиони ќе завршат во касата на Манчестер јунајтед.