Заборавете на Малдини: Вакво семејно наследство во еден клуб фудбалот не памети!

by Стефан
1 минути читање

Многу познати фудбалски семејства му подариле на светот повеќе славни имиња во различни генерации, но ретко кое може да се спореди со семејството Греј и нивната длабока врска со Лидс Јунајтед

. Англискиот клуб во понеделникот обезбеди промоција и експресен камбек во Премиер лигата со убедлива победа од 6:0 над Стоук. Тоа значи дека следната сезона Лидс ќе се натпреварува во најсилната лига во светот. Освен пласманот во елитата, мечот ќе остане запаметен и по деби настапот на младиот Хари Греј, фудбалер кој го носи дресот на својот матичен клуб.

Но, ова деби не е како секое друго. Станува збор за петтиот член на славното фудбалско семејство Греј кој заиграл за Лидс Јунајтед.

Братот на Хари, Арчи, важи за нов фудбалски вундеркинд – моментално настапува за Тотенхем, но својата кариера ја започна токму во Лидс. Нивниот татко, Енди Греј, исто така ги бранеше боите на Лидс, како и нивниот дедо Френк Греј. Тука е и братот на дедото – легендарниот Еди Греј, уште едно големо име во историјата на клубот.

Со својот деби настап, Хари Греј го заокружи бројот на пет члена од најтесното семејство кои го облекле белиот дрес. Наследството започна уште во 1972 година со Френк Греј, а од тогаш, приказната на семејството и клубот продолжува да се пишува.

Секако, на многумина веднаш им паѓа на ум сличната судбина на семејството Малдини, Чезаре и Паоло, двајцата симболи на Милан, а таму кариерата ја започна и Даниеле Малдини кој подоцна ги напушти „росонерите“ и во овој момент е дел од Аталанта.

Фото: Leeds United FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани