За верувале или не: Во иста сезона освои трофеј со Барселона и испадна од Ла Лига

by 24 фудбал
1 минути читање

Марк Андре тер Штеген влезе во аналите на шпанскиот фудбал со несекојдневен подвиг, откако стана првиот фудбалер кој во една сезона истовремено освоил титула во Примера и испаднал од лигата.

Германскиот чувар на мрежата ја започна сезоната како член на Барселона, па и покрај малата минутажа ќе биде дел од шампионската генерација на каталонскиот клуб и ќе добие медал за освоената титула.

Во вториот дел од сезоната Тер Штеген се пресели во Џирона, но таму не успеа да помогне во битката за опстанок. Тимот на крајот испадна во понизок ранг, а искусниот голман поради честите проблеми со повреди одигра само два натпревари во Примера.

Интересно е што во текот на целата сезона за Барселона забележа само еден настап и тоа во Купот на кралот, но и покрај тоа ќе остане запаметен по уникатниот рекорд во шпанскиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×