За Реал Мадрид, Винисиус е подобар од Мбапе – нема да тргнат по Французинот!

by
1 минути читање

Мбапе минатото лето беше пред потпис со Реал Мадрид, но во последен момент одлучи да остане во ПСЖ и да го продолжи договорот со францускиот клуб.

Во меѓувреме Винисиус блеска на теренот, играше во голема форма минатата сезона, а исто е оваа. Двајцата играат на иста позиција, па раководството на Реал Мадрид смета дека немаат потреба од Мбапе.

Според „Марка“, Реал Мадрид смета дека Винисиус е подобар од Мбапе и ова лето нема да тргнат по него. Евентуално би се обиделе да го ангажираат летото 2024 година.

Ова лето нивна цел број еден ќе биде Џуд Белингем од Борусија Дортмунд.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×