173
Шпанскиот репрезентативец, Нико Вилијамс веќе подлг период се поврзува со Барселона, а според последните информации трансферот е само прашање на време.
Интерес за Вилијамс покажа и Баерн Минхен, меѓутоа желбата на Нико е само Барселона.
Ова го потврдува и неговата последна изјава која ја пренесува новинарот на „Спорт“, Карлос Монфорт.
„Сакам да се приклучам на Барселона без оглед на се, жалам за тоа што се случи минатото лето. Не ме интереисраат проблемите со регистрацијата, ниту финансиската ситуација. Се што сакам е да играм за нив“, јасно порачал Вилијамс.
Како што стојат работите, летово ќе биде и огромно изненадување, ако Вилијамс не го реализира трансферот во Каталонија.