За првпат се пласираа на Светско првенство, па претседателот ги награди со 40 автомобили (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Сите фудбалери и членови на стручниот штаб на фудбалската репрезентација на Узбекистан добија на подарок автомобили, откако се изборија за историски пласман на Светското првенство 2026 година.

По последниот свиреж на судијата на натпреварот во Ташкент против Катар, каде Узбекистан славеше со 3-0, по наредба на претседателот на државата, Шавкат Мирзијојев, на теренот беа донесени 40 електрични автомобили од марката BYD, а клучевите им беа свечено врачени на сите фудбалери и членови на стручниот штаб на оваа азиска селекција.

Претседателот Мирзијојев и претходно покажал дека го сака спортот кога минатата година подари 33 автомобили на младинската репрезентација на Узбекистан до 20 години, по нивната титула на Азискиот куп во 2023.

„Мирзијојев е човек кој го разбира спортот, ги поддржува спортистите и го цени трудот на своите сограѓани“, пишуваат узбекистанските медиуми. Овој пат, одлучи да ги награди со значајни подароци.

Узбекистан ја заврши квалификациската фаза на второто место во групата, заедно со Иран кој беше прв, и двете селекции обезбедија директен пласман на завршниот турнир. Од истата група, Обединетите Арапски Емирати и Катар ќе играат во баражот.

Светското првенство во фудбал 2026 ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули, и ќе биде првото со 48 репрезентации од шест континентални конфедерации.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани