За прв пат во својата
истроија, Франс Фудбал нема да ја додели „Златната топка“, магазинот попладнево
издаде соопштение во кое објасни зошто се решиле на еден ваков чекор.
„За прв пат во
нашата историја, која започна во 1956 година, „Златната топка“ нема да се
додели во 2020 поради недостаток на фер услови. Меси и Рапино (исто како Де
Лихт и Алисон, освојувачи на трофејот Копа, односно Јашин) ќе треба да почекаат
една година. Победниците од последното издание нема да добијат наследници на
крајот од годинава бидејќи во 2020 нема да има „Златна топка“ – гласеше дел од соопштението.
Како дел од образложенијата,
Франс Фудбал наведува: „Од спортска перспектива, само два месеци (јануари и
февруари) од цели 11 месеци потребни да се формира мислење и да се одлучи кој
треба да ја добие наградата, се премалку да се оформи мислење и да се даде
конечен суд. Исто така не треба да заборавиме дека некои натпревари не се
одиграа, некои ќе се одиграат, други се играат под специјални околности (празни
трибини, пет измени, Ф8 турнири во Европа)“.
„Фудбалерите не
се на еднакво ниво, одредени првенства беа прекинати, други продолжија. Исто
така, нашата жири комисија составена од приближно 220 луѓе (мажи и жени) ширум
целиот свет, некои од нив верјатно своето внимание го имаа насочено на други
приоритет и поважни работи наместо да ги следат перформансите на играчите“
„Наградата
„Златна топка“ е бесценета, па не сакаме да го нарушиме ова, не сакаме дебати,
калкулации и проценки, па на ваков начин ќе го зачуваме кредибилитетот и
легитимноста“.